Единицата за интервентна полиција приведе дилери, пронајдена дрога

Во угостителски објект на подрачје на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска во 02.15 часот е лишен од слобода Т.В.(19) од с. Пирава, валандовско, а во 03.40 часот на подрачје на Карпош е лишен од слобода Б.Т.(24) од Скопје затоа што кај нив е пронајдена марихуана, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додадоа дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

– На 5 март 2022 во 00.15 часот на подрачје на Гази Баба од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода С.Б.(20) од Скопје затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираа од МВР.

MИА

]]>

Најчитани вести