Една година затвор за поранешниот директор на фабриката „Киро Ќучук“

Основниот суд во Велес, денеска го прогласи за виновен Киро Камчев поранешен директор на велешката фабрика за цигли „Киро Ќучук“ и му одреди една година казна затвор, но и обврска да врати 67 илјади евра на оштетен доверител.

Во пресудата судиката Тања Милева напишала дека обвинетиот продал голема количина цигли која со извршител требало да бидат оттуѓени од фабриката и доделени на прилепската фирма „Центар Б и Ј“ како наплата за долг кој фабриката го имала кон доверителот. Но, Камчев како председател на управниот одбор на фабриката потпишал дека циглите може да се продадат иако имало забрана да располага со нив.

Кривичното дело Камчев го извршил во период од речиси две години од 2009 до 2011.

Инаку, пресудата се уште не е правосилна. Во меѓувреме против него во судот се водат уште неколку постапки.

]]>

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести