Една хартија ја откри вистината: Еве што се по професија Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, долго ја криеја!

Вистината за вистинските професии на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ја откри изводот на родените на малиот принц Луис.

Минатиот месец малиот принц Луис го прослави својот шести роденден, а неговите горди родители се подготвени да направат се за неговиот роденден да биде посебен ден. Луис, третото и најмладото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, е родено во болницата Сент Мери во Лондон во 11:01 часот на 23 април 2018 година.

И додека постојат различни протоколи околу доаѓањето на кралското бебе, има некои работи што сите родители мора да ги направат – дури и ако сте идниот крал и кралица. Откако се родил Луис, неговиот татко го пријавил неговото раѓање, потпишувајќи ги документите во палатата Кенсингтон, пишува Мондо.рс.

Официјалниот документ ги наведува датумот и местото на раѓање на бебето како 23 април 2018 година, болницата Сент Мери, Вестминстер. Потврдено е и целото име на новороденчето – Неговото кралско височество принц Луис Артур Чарлс од Кембриџ. Во документите се забележани и професиите на Вилијам и Кејт. Нивните занимања се: Принц и принцеза на Обединетото Кралство. Падингтон бил запишан како место на раѓање на принцот, а Ридинг за принцезата. Адресата на бебето е семејната куќа, палатата Кенсингтон.

Кога изводот на родените на Вилијам беше потпишан во 1982 година, немаше графа за професијата на принцезата Дијана. Професијата на мајката била внесена во изводот на родените дури во 1984 година.

Најчитани вести