Педесет и седумгодишно лице со иницијали М.С. го загуби животот во сообраќајна незгода што вечерва се случи на регионалниот пат Градско – Велес, пишува Телеграф.мк.
Според информациите на порталот, тој со автомобил „опел кадет“ удрил во бетонски ѕид при што од здобиените повреди почнал на самото место.
Полицијата врши увид на местото на несреќата.


