Економскиот криминал во 2013 година државата ја олеснил за 19, 1 милиони евра

Активностите за сузбивање на кривичните дела во областа на економскиот криминал првенствено беа во насочени кон прибирање информации и податоци за сторени криминални дејствија, проверки на финансиско работење на правни субјекти, банкарски системи, јавни претпријатија и други институции, како и за документирање случаи на злоупотреба на постапките за јавни набавки, затајување данок, компјутерски измами, активностите за заштита на интелектуалната сопственост и други инкриминации.

Во текот на 2013 година годината вкупно се откриени 739 кривични дела за кои се пријавени 1.019 сторители- физички лица и 134 сторители- правни лица. Нанесената материјална штета на Буџетот на државата, акционерските друштва, друштвата со ограничена одговорност и други субјекти изнесува 1.176.422.262 денари, или 19. 128.817 евра.

По видови, најзастапени се делата “злоупотреба на службената положба и овластување”- 194, во значаен број се откриени и делата „даночно затајување“-  43 дело, „фалсификување или уништување деловни книги”- 44 дела, „несовесно работење во службата“- 20 дела, „бесправно градење“-36 дела, „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“- 74 дела и делата „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“-23,  “повреда на правото од пријавен и заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“- 17  и „измамување на купувачи-15.

Зголемување за повеќе од три пати може да се забележи кај откривањето на делата „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, а за трипати е зголемен бројот и на откриените дела „измамување на купувачи“.

Гледано по подрачја: најголемиот број на дела беа откриени од Секторот за внатрешни работи Скопје-106, Секторот за внатрешни работи Битола-104, Секторот за внатрешни работи Тетово-103, Секторот за внатрешни работи Охрид-102, потоа Куманово-99, Струмица-77, Штип-68 и Велес-28 дела. Значаен број на кривични дела-52 се откриени и од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, при што спроведени се повеќе истраги за откривање на случаи на економскиот – организиран криминал како и санкционирање на сторителите на ваквите дела.

Бројот на откриените кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување-194 е на исто рамниште со минатата година, а пријавени 310 сторители.  Со сторување на ова кривично дело нанесена е штета на Буџетот на државата, акционерските друштва и друштвата со ограничена одговорност од околу  676 милиони денари.

Најголем број злоупотреби се откриени на подрачјето на СВР Куманово – 29 дела, по 27 дела на подрачје на СВР Битола и СВР Тетово, потоа Центарот за спречување на сериозен и организиран криминал- 25 дела, СВР Струмица- 24 дела, СВР Штип- 23 дела, СВР Охрид- 18 дела, СВР Велес- 12 дела и СВР Скопје – девет дела.

Сторителите се јавуваат во својство на управители, одговорни и службени лица -60 лица, вработени во банки – 22, референти – 21, полициски службеници – 17, директори – 18, доктори – 12, претседатели на одбори и организации – 10, професори – осум и други овластени лица во државни  институции и приватни фирми кои работеле спротивно на Законите со кои се регулираат односите во разни сфери во кои работат,  (Законот за стечај,  Законот за јавни набавки, Законот за евиденции во областа на здравството, Законот на Трговски Друштва, Законот за земјоделско земјиште и др.).

Како што кажавме годинава, како сторители на злоупотреба на службената положба и овластување се јавуваат и 17 полициски службеници кои постапувале спротивно на законските прописи. Притоа, за пет полициски службеници е утврдено дека се дел од криминална група кои давале информации за моменталната поставеност на полициските патроли со цел криумчарење на жив добиток, во друг случај е документирано дека полициски службеник е дел од криминална група која се занимавала со илегални ископувања на предмети од културна и археолошка вредност, а во останатите случаи од страна на полициските службеници, при вршење преглед над мигранти одземени им се парични средства и мобилни телефони без да им издадат потврда за одземени предмети, при контрола на мотоцикл е изготвен записник само за еден констатиран прекршок иако биле утврдени и  други прекршоци, за легализирање на возило од сопственикот биле барани парични средства и сл.

Исто така, би ги издвоиле и  откриените злоупотребите сторени од вработени во управа за заштита на културно наследство и вработени во Музеи кои од археолошки локалитети на територијата на РМ ископувале предмети со културна и археолошка вредност, потоа од професори кои за одреден паричен износ на студенти им овозможувале преодна оцена без да покажат соодветно знаење,  лекарите кои издавале фалсификувани лекарски уверенија, управители, сопственици и членови на Одбори во акционерско друштво и вработени во Управа за јавни приходи незаконски ја намалиле вредноста како и расходувањето на целокупната стока на залихата во друштвото, додека вработените во УЈП не презеле мерки на целосно наплатување на даночниот долг.

Уште еден вид на дела од економскиот криминал чие вршење се остварува преку службената положба е откриен во значаен број оваа година, a се работи за делата „несовесно работење во службата“ – 20 дела, за кои се пријавени 40 сторители. Пријавени се директори, одговорни лица, референти и други службени лица вработени во државни институции и јавни претпријатија кои повредувајќи ги законските права, несовесно постапувајќи во вршење на своите овластувања и пропуштање на должен надзор причиниле материјална штета во износ од 9,7 милиони денари.

Овие дела се откриени на подрачјето на СВР Битола – пет дела, СВР Скопје и СВР Штип – по четири дела, СВР Тетово – три дела, СВР Охрид и СВР Велес – по две дела.Карактеристичен случај е во кој како сторители се пријавени 10 лица – вработени во  пошта кои со  пропуштање на должниот надзор и несовесно постапување во вршење на службените овластувања овозможиле две маскирани вооружени лица да извршат разбојништво во поштата и да одземат 13,6 милиони денари.

Во значаен број се откриени и делата „даночно затајување“-  43 дела, извршени од 87 сторители и истите се документирани од СВР Тетово-16, СВР Струмица- осум дела, Одделот за спречување на сериозен и организиран криминал и СВР Куманово – по пет дела, СВР Битола – три, СВР Скопје и СВР Велес- по две дела и по едно дело од СВР Охрид и СВР Штип, а затаени биле даночните обврски во висина од 234 милиони денари, на штета на Буџетот на државата.

Да ги издвоиме даночните затајувања откриени од Одделот за спречување на сериозен и организиран криминал, при што во два случаи каде сторителите-26 се дел од криминални групи  кои како одговорни лица во правни лица со изготвување на лажни фактури за извршен промет затаиле даночни обврски во износ од околу 200 милиони денари, како реализациите на подрачјето на СВР Тетово и Куманово, каде се откриени случаи на организирање игри на среќа во нерегистрирани објекти, односно без да се платат законски давачки и надомест за лиценци.

Во делот на компјутерскиот криминал – вкупно се регистрирани 94 кривични дела извршени од 48 сторители при што најзастапени се кривичните дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, „изработка или употреба на лажна платежна картичка“ и „компјутерска измама“. Карактеристични се два случаи со кои се откриени две криминални групи и тоа: 11 – члена и седум – члена криминална група, при што во првиот случај сторителите на ПОС терминали на продажни места со фалсификувани платежни картички купувале најразновидна стока стекнувајќи се со 240 илјади денари и во вториот случај сторителите во 19 случаи на банкомати на домашни банки неовластено монтирале скимери обезбедувајќи податоци од платежни картички, а потоа извршиле вкупно 475 нелегални трансакции стекнувајќи се со 1,8 милиони денари.

Во останатите случаи на компјутерски криминал сторителите со фалсификувани платежни картички на странски или наши државјани плаќале услуги и купувале производи, вршеле нелегални трансакции на ПОС терминали инсталирани на продажни места, во еден случај сторителот неовластено навлегол во компјутерскиот систем на фирмата и изменил и оштетил ВЕБ страница, потоа во друг случај сторителот без да поседува авторизирано одобрение на Универзитетот, извршил навлегување и неовластено пренасочување на поголем број дојдовни електронски пораки од доверлива природа и во еден случај сторителот со употреба на „username“ кој му бил доделен на друго физичко лице  неовластено презел и избришал податоци во системот.

Министерството за внатрешни работи на планот на активностите за заштита на правата од интелектуална и индустриска сопственост, во текот на 2013 година спроведе четири самостојни контроли за откривање и спречување на пиратерија и тоа две на подрачјето на Битола и по една на подрачје на Куманово и Прилеп при што е контролиран деловен објект во кој незаконски биле приредувани игри на среќа, контрола во куќа од каде е одземен лап-топ компјутер на кој сопственикот неовластено инсталирал нелиценциран софтвер и контрола во две трговски друштва – оператори на кабелска мрежа, каде управителите без одобрение на Советот за радиодифузија реемитувале нерегистрирани телевизиски канали.

Исто така, службите на Министерството во соработка со Координативното тело на Владата спроведоа 19 акциски контроли на подрачје на Тетово, Скопје, Куманово, Штип, Гостивар, Струга, Прилеп и Крива Паланка, при што беа исконтролирани  повеќе правни лица, кабелски телевизии и тезги од каде беа одземени 4.693 пиратски ЦД и ДВД дискови, 1.578 парчиња фалсификувани производи (803 парчиња се текстилни производи), 41 компјутер,  50 рисивери и 264 фалсификувани украсни елки.

Документирани се вкупно 47 кривични дела, од нив 40 се од економскиот криминалитет,  17 од делата се „повреда на правото од пријавен и заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“ за кои се пријавени 17  сторители, 23 дела се „повреда на право од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ со пријавени 33 сторители, додека другите документирани дела се од областа на класичниот криминал.

Во текот на годината Координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост спроведе и акција за уништување на пиратски и фалсификувани производи во депонијата Дрисла во Скопје каде беа уништени 5.000 пиратски производи (ЦД и ДВД), 200 парчиња текстил со фалсификувана трговска марка, 50 тонери и 44.230 фалсификувани производи (очила, чизми, фудбалски топки и сл.), запленети во акции во борба против пиратеријата.

-Извештај на Министерството за натрешни работи.

]]>

Најчитани вести