Економските промотори со истечен мандат ги воделе како на службен пат за да не се вратат во Македонија

Tехничката влада на Емил Димитриев ги водела владините економски промотори како да се на службен пат со патен налог за да не треба да се вратат во Македонија, иако им е истечен мандатот уште во декември.

Ова го откри вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој најави дека ќе бидат укинати економските промотори.

– Мое мислење е дека треба да се задржат 18 промоторски места, но не како економски промотори, туку економски аташеа во рамките на амбасадите, како што е во секоја нормална држава – рече Анѓушев.

Само за плати и придонеси за 32-та економски промотори во 2016 од буџетот биле исплатени вкупно 1,2 милиони евра.

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести