Поранешниот министер за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, продолжува да напредува во интернационалната бизнис кариера, откако се повлече од владата минатата есен.
Тој од 1 септември ќе биде директор на меѓународни и европски регулаторни прашања во Телеком Австрија, во сопственост на мексиканскиот милијардер Карлос Слим, објави telecompaper. Тој претходно истата функција ја вршеше и во Америка Мовил.
И во двете компании мнозински сопственик е мексиканскиот милијардер Карлос Слим, на кого во Македонија му беше дозволено спојувањето меѓу мобилните оператори ОНЕ и ВИП.


