Експресна победа за македонските одбојкари на гостувањето во Грузија

Македонската одбојкарска репрезентација со убедлива победа ги почна квалификациите за пласман на Европското првенство 2026. 

Попладнево во Тбилиси, Македонија ја победи Грузија со убедливи 3:0, по сетови (25:12, 25:14 и 25:18).

По осум дена (25 август) македонските одбојкари ќе ја пречекаат Грција во рамките на 2. коло од квалификациите за ЕП 2026 група-Ф.

Директен пласман на Европското првенство ќе обезбеди само првопласираната репрезентација.

МИА