Елче противник на ЖРК Ѓорче Петров во Европскиот куп на ЕХФ

Македонскиот ракометен шампион ЖРК Ѓорче Петров го доби тимот на Елче за противник во четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ, одлучено е на денешната ждрепка во Келн.

„Лавиците“ првиот натпревар во четвртфиналето ќе го играат на гостински терен.

Другите двојки за четвртфиналето во третото по квалитет клупско натпреварување под покровителство на ЕХФ се:

Гранољерс (Шпанија) – Гран Канарија (Шпанија)
Михаловце (Словачка) – Венло (Холандија)
Бенфика (Португалија) – Јаликаваспор (Турција).

Четвртфиналните пресметки се закажани за 9/10 и на 16/17 март.

МИА

Најчитани вести