ЕЛЕМ го поништи тендерот за изградба на Рајскиот парк во Аеродром

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) го поништи тендерот за проектот „Рајска градина“, кој требаше да се гради на површина од 15 хектари во скопски Аеродром, а да чини 900 милиони денари, или 14,6 милиони евра.

 

На интернет страницата за јавни набавки ЕЛЕМ образложува дека причина за поништување на тендерот е тоа што се „поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди“. Притоа не се наведува дали и кога повторно би бил објавен нов тендер за реализација на проектот, на кој се потпишани авторите Жарко Чаушевски, Филип Богатинов и Македонка Чаушевска. Проектот за рајскиот парк го изработи „Архитектоника“ од Скопје, а во него се вклучени четири фонтани високи и до 13 метри, реплика на Венера Милоска, антички ликови, лавови и грифони.

Паркот требаше да се изгради покрај Вардар, веднаш до седиштето на ФФМ во општина Аеродром. Во него беа најавувани парк со верверички, пони коњчиња, пауни, желки, потоа мајмуни кои ќе бидат сместени во голем огромен кафез каде ќе можат да поминуваат посетителите и да се забавуваат со нив. А во високиот кафез покрај мајмуни беа планирани и многу видови на птици.

Исто така се планираа и патеки за џогирање, за пешачење, за ролерки, коњи со пајтони, додека во рамки на паркот беа најавувани и ресторани, детски катчиња со игралишта за најмладите, вештачки езерца и канали со проточна вода, фонтани и тениски терени…

Рајскиот парк кој го најави тогашниот премиер Никола Груевски во 2012 година, предизвика реакции од опозицијата и од граѓанскиот сектор кои бараа да се запре проектот, а предвидените 14 милиони евра да се пренасочат.

извор: Мкд.мк

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести