Бразилскиот фудбалски репрезентативец Ентони е исклучен од репрезентацијата за претстојните мундијалски квалификациски дуели против Боливија и Перу поради обвинение за физички напад, објави Фудбалската федерација на Бразил (ЦБФ).
Одлуката е донесена откако бразилските медиуми објавија наводи од неговата поранешна девојка Габриела Кавалин, која го обвини дека физички ја нападнал.
„Поради фактите кои во понеделникот излегоа во јавноста и се однесуваат на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ентони, кои е потребно да се истражат, а со цел да се заштити наводната жртва, ЦБФ одлучи да го исклучи Ентони од репрезентацијата“, се наведува во соопштението.
Ентони во објава на социјалните мрежи ги отфрли сите обвинувања, наведувајќи оти не може да изнесе повеќе детали поради полициската истрага.
На местото на Ентони селекторот на бразилската репрезентација Фернандо Диниз го повика напаѓачот на Арсенал, Габриел Жезус.
МИА


