Ноќта во НБА лигата каде се одиграа 11 натпревари, ја одбележа Кармело Ентони кој постигна 42 поени во победата на неговиот тим Њујорк на гостувањето кај Њу Орлеанс.
Резултати на ноќешните НБА средби: Шарлот – Детроит 116:98, Кливленд – Орландо 101:93, Торонто – Чикаго 92:94, Атланта – Вашингтон 97:114, Минесота – Индијана 104:91, Њу Орлеанс – Њујорк 91:98, Феникс – Бостон 100:94, Јута – Бруклин 99:105, Портланд – Сан Антонио 109:111, Сакраменто – Голден Стејт 92:101 и ЛА Лејкерс – Хјустон 108:134.
Вечерва се играат три натпревари: Милвоки – Денвер, Оклахома – Мајами и Голден Стејт – Хјустон.
Пласман Источна конференција: Индијана 41-13 (победи-порази), Мајами 38-14, Торонто 29-25, Чикаго 28-25, Вашингтон 26-28, Бруклин 25-27, Атланта 25-28, Шарлот 25-30,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 43-12, Сан Антонио 40-15, Хјустон 37-17, ЛА Клипрес 37-19, Портланд 36-18, Феникс 32-21, Голден Стејт 32-22, Далас 32-23,.
]]>


