Најдобриот играч на Њујорк Кармело Ентони го предводеше својот тим до уште една победа, откако ноќеска на гостувањето кај Бостон постигна 34 поени, а имаше и девет скокови и две асистенции.
Крајниот резултат изнесуваше 116:92 за Њујорк, а со оваа победа „Никси“ сеуште имаат шанси за пласман во плеј-офот.
Резултати на другите 10 ноќешните натпревари во НБА лигата: Мајами – Бруклин 95:96, Орландо – Денвер 112:120, Филаделфија – Сакраменто 98:115, Торонто – Детроит 101:87, Вашингтон – Шарлот 85:98, Њу Орлеанс – Мемфис 88:90, Јута – Далас 101:108, Сан Антонио – Портланд 103:90, Феникс – Кливленд 101:110 и ЛА Клиперс – Голден Стејт 111:98.
Вечерва се играат три натпревари: Чикаго – Хјустон, Атланта – Милвоки и Оклахома – ЛА Лејкерс.
Пласман Источна конференција: Индијана 47-17 (победи-порази), Мајами 44-18, Торонто 36-27, Чикаго 35-29, Бруклин 33-30, Вашингтон 33-31, Шарлот 31-34, Атланта 27-35,…
Пласман Западна конференција: Сан Антонио 48-16, Оклахома Сити 47-17, ЛА Клиперс 46-20, Хјустон 44-20, Портланд 42-23, Годен Стејт 41-25, Мемфис 38-26, Далас 39-27,.
]]>


