Ракометната репрезентација на Франција е првата која обезбеди финале на Европското првенство кое се одржува во Данска.
Вечерва Французите во првиот полуфинален дуел го победија актуелниот светски првак Шпанија со 30:27. Најдобар играч во победничката репрезентација беше Лук Абало со 8 погодоци, Валентин Порте постигна 7. Кај поразените се истакна Јоан Канељас со 10 голови. Второто полуфинале се игра вечерва од 21 часот, а во него домаќинот на првенството Данска игра со Хрватска. Денеска се одигра и дуелот за петтото место кое му припадна на Исланд по победата над Полска со 28:27.
]]>


