Последниот натпревар од 25.коло од Примера одигран синоќа заврши со победа на Виљареал на гостувањето кај Еспањол во Барселона. Домашната екипа испушти шанса за еден бод по неискористениот пенал на Серхио Гарсија во последната минута.
Гостите до победата стигнаа со двата гола на Моисес Гомез (36.минута) и на Џереми Пербет (50.минута), додека Џон Кордоба (78.минута) успеа да намали на 1:2.
Ова за Виљареал беше важен триумф по двата пораза во претходните две кола. „Жолтата подморница“ со 43 бодови сега е на 5.место, а ист број бодови зад нив се наоѓа Реал Сосиедад.
Еспањол со 32 бода остана на 10.место на Примера.
Лидер на табелата е Реал Мадрид со 63 бодови, пред Барселона и Атлетико Мадрид со 60.
]]>


