ЕУ донесе одлука за кратење на плус 69 милиони евра од ИПА фондовите. Ќе ги одземе и ингеренциите на Владата за распределба на парите?!

Европската Унија донесе одлука за кратење на плус 69 милиони евра, средства од ИПА фондовите. Алсат М дознава дека ова мерка има директни последици за Коридорот 8.

Според податоците кои ги обезбеди телевизијата, со оваа мерка се засилуваат санкциите од ЕУ. Исто така со оваа мерка, ЕУ планира да и ги одземе надлежностите на Владата за менаџирање на ИПА фондовите, кои досега беа децентрализирани. Ова значи дека ЕУ директно ќе одлучува на кои проекти ќе бидат потрошени европските пари. Исто така, Алсат М дознава дека Брисел нема повеќе доверба во домашните власти и токму затоа одлучи за засилено набљудување на ИПА фондовите. Канцеларијата на ЕУ во Скопје имаше контрола само за првично доделување на европските пари, но со развлекувањето на политичката криза и немањето подготвеност за спроведување на договорот од Пржино, се преземаат овие се позасилени санкции.

Пред неколку дена ЕУ ги почна санкциите со кратење на 27 милиони евра, средства од ИПА фондовите за Македонија. Овој износ, како што потврди и портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчиќ, беше од програмата за 2016 година. Коцијанчиќ објасни дека кратењето е поради немање политичка волја за спроведување на потребните реформи зацртани од Брисел.

Комисијата неколку пати изрази загриженост околу немањето подготвеност и зрелост во планирањето во клучни сектори како и немање на политичка волја за спроведување на неопходните реформи. Како резултат на ова, Европската Комисија одлучи да ја намали европската помош и да не продолжи со поддршка за нови проекти.

Најчитани вести