ЕУ ќе го поддржи претприемаштвото во регионот на Западен Балкан со 140 милиони евра низ регионален фонд кој треба да почне да работи кон средина на следната година.
– Фондот ќе овозможи дополнителни избори на поповолно финансирање, што моментно е една од главните пречки за развој на домашното стопанство, како и зголемување на конкурентноста, пред се на малите и среди компании, рече специјалната советничка на министерот за стопанство на Србија, Ана Трбовиќ, на регионалната конференција Европска мрежа за претприемаштва во Стопанската комора на Србија.
Како што објасни таа, во Фондот ќе учествуваат Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициона банка, Европскиот инвестициски фонд, а државите од регионот со помал дел ќе учествуваат со средства од своите буџети.


