Еурофарм Пелистер вечер и гостува на Висла Плок

 Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер вечер гостува во Полска каде во спортската арена „Орлен“, ќе се сретне со домашниот шампион Висла Плок.

Пред средбата, ракометарот Жарко Пешевски најви неизвесен натпревар и желба за продолжување на успешната серија на клубот.

– Освоениот бод против Спортинг за нас е голема мотивација за следните натпревари во европската Лига на шампионите. Вечер гостуваме кај многу незгоден противник, одлична екипа со многу искусни интернационалци, со гранитна одбрана и искусни голмани. Ние се подготвувавме за натпреварот, ќе се обидеме да ги искористиме слабите страни на противникот, веруваме во супер неизвесен натпревар и очекуваме да продолжи нашата успешна серија, изјави Пешевски.

Дуелот меѓу Висла Плок и Еурофарм Пелистер почнува во 20:45 часот, а ќе го судат Дино и Амар Коњичанин од Босна и Херцеговина.

МИА

Најчитани вести