Еврообврзницата намалена од 500 на 270 милиони евра

Министерството за финансии ја промени одлуката. Наместо првично планираните пола милијарда евра, со издавањето на четвртата еврообврзница во историјата на Македонија, државата ќе се задолжи за 270 милиони евра. Оваа информација е објавена во вчерашниот Службен весник.

Со оглед на оваа промена, заемот ќе се искористи главно за враќање на старите надворешни и внатрешни задолжувања.

Имено, за околу две недели доспеваат обврски во висина од 150 милиони евра од еврообврзницата издадена во 2005 година, додека останатите 100 милиони ќе бидат потребни за раздолжување со домашните кредитори.

Најчитани вести