Европската енергетска заедница бара одговори од македонските институции за случајот Макпетрол

Додека македонските институции молчат, за случајот Макпетрол се заинтересира Секретаријатот на европската енергетската заедница со седиште во Виена, дознава Телма. Вчера му испратиле писмо на министерот за Економија , Дритон Кучи и бараат одговори за тоа дали знае кој стои зад фримата која сака да го превземе Макпетрол.

Според информациите на Телма од Европската енергетска заедница инситираат и на итни и детални одговори за сопственичката структура на Балкан Петролеум Холдинг Лимитетд, фирмата која сака да го превземе Макпетрол.

-Со оглед на тоа што Макпетрол, заедно со Владата, го контролира системот за пренос на гас во земјата ГАМА, која ќе мора да биде одвоен во согласност со Третиот Енергетски пакет Ве молиме да ни обезедите податоци за сопственичката структура на Даволиа Холдинг Лимитед единствениот акционер на Балкан Петролеум Холдинг Лимитед односно за нејзините сопственици од британските девствени острови , Далиа Глобал Груп и Воландес Асет Корпорејшн кои се основачи на Даволиа холдинг од Кипарвелат од Секретаријат на европска заедница

Инаку писмото е испратено и до првите луѓе на регулатроната комисија за енергетика Димитар Петров и на комисијата за заштита на конкуренцијата Благој Чурлинов. Европскиот енергетски секретаријат бара итни писмени одговори пред Комисијата за хартии од вредност да донесе било каква одлука, но тоа да е најдоцна до 1 август. Секретаријатот уште на институциите им напишал да одговорат што предвидуваат за влијанието на преземањето на безбедноста со снабдување со гас и гориво на пазарот во земјава и како Министерството и Регулаторната комисија за енергетика ќе бидат вклучени во процесот на преземање?

По сите написи на Телма за сомнителната офшор шема на Балкан Петролеум холдинг кои водат се до Девствените острови сите институции во МКД молчат. Се уште тече рокот кога КХВ треба да донесе одлука по понудата на фирмата која требаше да исплети и банкарска гаранција од 47 и пол милиони евра, но иако побара дополнителни информации од неа, не кажува какви. Регулаторната се прогласи за ненадлежна, а не коментираа ниту од Управата за финансиско разузнавање на чија истрага пак чека Финансиската полиција. Ниту една институција не одговори дали се испитува законитоста на постпката, кој е вистинскиот сопственик на заинтересираната фирма, дали е поврзана со оф шор компании, кое е потеклото на капиталот и каква е улогата на швајцарската УБС банка, која веќе е под истрага во други земји.

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести