Најавите во британските медиуми, дека македонската влада започнала формални преговори со Британија за прифаќање мигранти, отворија низа прашања во јавноста но и се јавува и чувство на страв на граѓаните.
Во држава која веќе се соочува со нестабилна политичка сцена, нефункционални институции и економски потешкотии, граѓаните стравуваат дека во Македонија може да случи екслација на безбеденосната состојба, како што по приемот на миграните се имаат соочено дел од европските држави со многу постабилни општства од македонското.
Во едно од изданијата на European Economic Review од 2023 година објавено е специјално издание на тема „Миграции и развој“ (“Migration and Development”) кои опфаќаат различни аспекти и кои ги опшфаќаат и економските последици.
Тоа значи дека темата за мигрантите е високо на агендата на владите во Европа а има и зошто.
Бројни европски примери покажуваат дека државите кои ги отвориле вратите за мигранти значително е пораснат криминалот, немирите, насилствата, и драстично е загрозена безбедноста.
На пример, Шведска која некогаш симбол на ред и безбедност, денес се соочува со реалност која пред само една деценија звучеше незамисливо. Во 2015 година Шведска прими 160.000 мигранти.
Последните владини документи и анализи кои се и јавно достапни покажуваат дека „луѓето кои се родени надвор е 2,5 поверојатно дека ќе бидат регистрирани како криминалци за разлика од родените во Шведска. (https://www.government.se/government-of-sweden/ministry-of-justice/facts-about-migration-integration-and-crime-in-sweden/
Градот Малме, кој некогаш важеше за мирен град, денес е препознаен по престрелки, групни напади во шт голем процент учествуваат мигранти. Минатата година се случиле 60 престрелки помеќу криминални групи, што ја прави Шведска од најсигурна земја во „европска престолнина на убистава“.
Ако Шведска, држава со една од најсилните социјални структури во светот не успеа да го апсорбира притисокот, се поставува прашањето што би можело да очекува во Македонија, држава со ограничени ресурси и хронично ослабени институции.
Со слична состојба се соочуват и Франција, Грција, Италија.
И самата Велика Британија се соочува со сериозни проблеми со мигрантите- масовни протести, жестоки судири меѓу граѓани, полициски кордони, поделено општество на работ од насилство. Таму, каде институциите се далеку посилни од нашите, народот излегува на улици секој месец, предупредувајќи дека трпението има граници. Повеќе од 110.000 луѓе маршираа низ Лондон само во еден ден, барајќи итни депортации и прекин на плановите што ги сметаат за опасни по безбедноста.
Само годинава се случија многу инциденти и протести поврзани со миграните. Не само што е зголемена стапката на насилство во мигрантските центри, дополнително Британија се соочи и со протести против мигрантите, но и контра протести.
Најавите дека Македонија би можела да стане „нов центар“ за сместување мигранти го отвораат прашањето – ако држави со милијарди евра буџет, со функционални институции,по отворањето на мигрантски кампови, не успеаја да го спречат растот на криминал, паралелни заедници и насилни бунтови, дали воопшто Македонија може да размислува да биде хаб за мигранти?
Владата и сега и во мај кога беше потпишано партнерството меѓу владите на Македонија и Велика Британија за реализација на критични инфраструктурни проекти, негира дека во државата ќе се градат мигранстки кампови.
„Никој не ме прашал и никогаш не ми паднало на ум да градиме мигрантски кампови“, изјави премиерот на 18 мај годинава.
И додека упорно се негираат информациите, британските медиуми на големо пишуваат дека тоа е дел од договорот а Британската амбасада на социјалните мрежи потврди дека соработува со македонската влада за справување со нелегалната миграција.
„Двете земји соработуваат преку Заедничката работна група за миграција за борба против нерегуларната миграција и организираниот имиграциски криминал, зајакнување на безбедноста и справување со криминалните мрежи. Ние цврсто стоиме покрај нашиот сојузник во НАТО за да го унапредиме просперитетот, безбедноста и економскиот раст“, стои во информацијата од Британската Амбасада.
По објавата на Британската амбасада, опозициската СДСМ обвини дека власта повторно лаже и ја крие вистината од јавноста.
„Очигледно лажниот патриот Мицкоски, кој се колнеше дека „шанса нема“ да има кампови, преговара да ја направи Македонија депонија за мигранти. Додека на големо го крадат народот преку милионски тендери на нивни фирми ова е ново предавство на Мицкоски и неговата власт“, стои во реакцијата на СДСМ.
Дебатата околу мигрантските кампови очигелдно допрва ќе се отвора во македонското општество и на политичката сцена.


