Фамилија Здравески од село Мусинци се приклучија на проектот „Договорно производство на бессемена лубеница“ – 2 ха со мерак обработени и засадени

Започна новата сезона од проектот „Договорно производство на бессемена лубеница“ во организација на компанија откупувач  „Fresh line“.

После успешната ланска сезона, компанијата и годинава склучи договори со земјоделските производители кои и минатата година беа дел од проектот, но и со земјоделци кои за прв пат годинава ќе произведуваат бессемена лубеница благодарение на промоцијата која овој проект ја имаше од платформата Агротим.

Фамилијата Здравески од село Мусинци, Општина Могила е токму таков пример на вредни земјоделци кои одлучиле на 2 ха површина да засадат бессемена лубеница.

-Во соработка со  „Fresh line“ дојовме преку платформата Агротим каде беше споделено дека ќе се организира договорно производство на бесемена лубеница. Важно ни беше дека лубеницата ќе биде откупена по загарантирана цена, која ќе се извезува по европските држави – вели младиот Бојан Здравески од село Мусинци.

Тие годинава одлучиле да насадат 2 хектари со бессемена лубеница.

-Годинава како за проба ќе засадиме околу 2 хектари површина, која ќе се одвива на повеќе локации на повеќе парцели каде кои ке бидат со повисок и понизок квалитет на земјата, додека ѓубрењето и наводнувањето на сите парцели ќе биде исто. Расадот е набавен преку компанијата Фреш Лајн од соседна Албанија.

Расадувањето започна денеска и се очекува да трае околу 2 до 3 дена, со тоа што во еден ден може да зассадиме околу половина хектар. Ќе бидат ангажирани околу петмина, а ако има потреба ќе направиме поголем тим но засега сме пет луѓе, од кој двајца ќе расадуваат, двајца ќе пристискаат и еден ќе мери за растојанието како и со помагање околу расадот – вели Бојан  и додава дека годинава очекуваат добра година, род од 50 – 70 тони од хектар што секако зависи од извршувањето на сите потребни агротехнички мерки и ако биде добро продаден по загарантирана цена.

За договорното производство на бессемена лубеница имаше голем интерес од страна на земјоделските производители благодарение на информираноста од страна на Агротим и поддршката од швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ во целокупниот процес.

извор: Agrotim.mk

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести