Полицијата од Кичево поднесе кривична пријава против А.Е.(19), Ф.М.(20), И.Ј.(20), Е.Б.(37), М.К.(20) и Г.К.(26) сите од Кичево, за сторени 11 кривични дела „тешка кражба“, извести МВР.
Пријавените извршиле серија тешки кражби во периодот од август 2013 година до февруари 2014 година, со користење на соодветни предмети со кои ги оштетувале бравите и ги отварале влезните врати од куќи чии сопственици се наоѓале на привремена работа во странство.
Пријавените се лица познати извршители на вакви дела против кои и досега биле поднесувани кривични пријави за што двајца од нив биле и затворски осудувани.
]]>


