Федерер му се заблагодари на Едберг, Иван Љубичиќ нов член на тренерската екипа

– По 2 многу успешни години, би сакал да се заблагодарам на Стефан Едберг, мојот идол од детството, затоа што се согласи да се приклучи на мојот тим. Мојот сон се обистини. Иако тоа требаше да биде само за 2014 година, Стефан се согласи за продолжување на партнерството и оваа година, а јас тоа навистина го почитувам. Тој ме научи толку многу и неговото влијание врз мојата игра ќе остане и понатаму. Стефан секогаш ќе биде дел од мојот тим – напиша на Фејсбук Роџер Федерер.

Северин Лути, кој со швајцарецот работи од 2008 година, ќе продолжи да биде негов главен тренер, а со него ќе работи и хрватот Иван Љубичиќ. И понатаму Даниел Трокслер ќе ја извршува физиотерапевтската работа, а Пјер Паганини, долгогодишниот придружник на Федерер, ќе биде фитнес тренер и дел од техничката екипа.

Најчитани вести