Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер по три и полчасовна борба пред малку успеа да го победи Енди Мареј (Велика Британија) и да се пласира меѓу четворицата најдобри на Грен слемот Австралија Опен.
Швајцарецот ги доби првите два сета со 6:3 и 6:4, а во третиот откако не искористи сервис за меч му дозволи на противникот со две брејк-топки да го спаси гемот, а подоцна и сетот и да намали на 2:1 (8:6 во тај-брекот). Сепак до победа швајцарскиот тенисер дојде веќе во следниот сет кој го реши во своја корист со 6:3.
Противник на Федерер во полуфиналната фаза (в четврток) ќе му биде Рафаел Надал (Шпанија) кој рано утрово го совлада Григор Димитров (Бугарија) со 3:1 – по сетови 3:6, 7:6, 7:6 и 6:2.
Утре со почеток во 9 часот и 30 минути ќе започне првото полуфинале во кое учесници се Томаш Бердиг (Чешка) и Станислас Вавринка (Швајцарија).
]]>


