Швајцаерецот Рожер Федерер избори пласман во полуфиналето на Мастерсот 1000 во Индијан Велс откако синоќа со 2:0 во сетови го победи Кевин Андерсон од Јужна Африка. Двата сета Федерер ги доби со 7:5 и 6:1 во гемови. Негов противник во полуфиналето ќе му биде Украинецот Александар Долгополов, кој со 6:3 и 6:4 во гемови беше поуспешен од Милош Раониќ од Канада. Инаку, Долгополов на овој турнир го совлада Рафаел Надал.
Во вторите два четвртфинални меча денеска ќе играат: Жулиен Бенето – Новак Ѓоковиќ и Џон Изнер – Ернес Гулбист.
Кај жените синоќа се одиграа двата преостанати четвртфинални дуела. На Ли од Кина ја победи Доминика Цибулкова од Словачка со 2:1 во сетови, а Флавија Панета од Италија беше подобра истотака со 2:1 од Американката Слоун Стивенс.
Во полуфиналето кај дамите ќе играт Ли – Панета и Агнешка Радванска – Симона Халеп.
]]>


