Фенербахче ги започна преговорите за доаѓањето на Мартин Шкртел

Фудбалскиот клуб Фенербахче ги започна преговорите околу трансферот на репрезентативецот на Словачка и одбрамбениот играч на англискиот Ливерпул Мартин Шкртел во своите редови, јавува Anadolu Agency (AA).

„Преговорите со англискиот клуб Ливерпул и словачкиот играч Мартин Шкртел (31) официјално зпочнаа”, наведено е во соопштението од истанбулскиот клуб.

Шкртел фудбалската кариера ја започнал како напаѓач, а потоа одлучи да продолжи да игра како одбрамбен фудбалер. Настапуваше за словачкиот ФК Тренчин и рускиот Зенит. Со 23 години премина во англискиот Ливерпул, каде оствари 242 настапи. Цената на неговиот трансфер тогаш изнесуваше 6,5 милиони фунти.

Најчитани вести