Фенербахче на Мекејлеб подобар од Ефес во истанбулското дерби

Кошаркарите на Фенербахче Улкер го победија Анадолу Ефес со 71:63 во последниот натпревар од Е групата во ТОП 16 фазата од Евролигата.

Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб во истанбулското дерби за победата на својот клуб придонесе со 13 поени, пет скокови и четири асистенции за 32 минути поминати на паркетот.

Резултати на другите три натпревари од 7.коло во Е групата: Панатинаикос – Олимпијакос 66:62, Армани – Уникаха 70:59 и Лаборал – Барселона 68:80.

Табела Е група: Барселона 7-0 (победи-порази), Армани Милано 4-3, Олимпијакос 4-3, Панатинаикос 4-3, Уникаха 3-4, Фенербахче 3-4, Анадолу Ефес 2-5, Лаборал 1-6. Ф група 7.коло: Партизан – Галатасарај 70:78, ЦСКА Москва – Макаби 100:65, Баерн Минхен – Локомотив Кубан 82:79 и Реал Мадрид – Жалгирис 100:72. Табела Ф група: ЦСКА Москва 6-1, Реал Мадрид 6-1, Макаби 5-2, Галатасарај 3-4, Локомотив Кубан 3-4, Баерн Минхен 3-4, Жалгирис 1-6, Партизан 1-6.

]]>

Најчитани вести