Фенербахче убедлив во дуелот со Лаборал во Евролигата

Во кошаркарската Евролига синоќа се одиграа шест натпревари, а најубедливата победа од 34 поени ја остварија кошаркарите на Фенербахче во дуелот со Лаборал. Во победничкиот тим македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб за 22 минути постигна 13 поени и имаше 4 асистенции.

Преглед на резултатите од 6.коло: Олимпијакос – Анадолу Ефес 78:60, Фенербахче – Лаборал 98:64, Малага – Панатинаикос 87:71 (Е група), Макаби – Баерн Минхен 66:64, Локомотив Кубан – Реал Мадрид 74:78 и Жалгирис – Партизан 89:77 (Ф група).

Вечерва се играат натпреварите: Барселона – Армани Милано (Е група) и Галатасарај – ЦСКА Москва (Ф група).

Табела Е група: Барселона 5-0 (победи-порази), Олимпијакос 4-2, Армани Милано 3-2, Панатинаикос 3-3, Малага 3-3, Фенербахче 2-4, Анадолу Ефес 2-4, Лаборал 1-5.

Табела Ф група: Макаби 5-1, Реал Мадрид 5-1, ЦСКА Москва 4-1, Локомотив Кубан 3-3, Галатасарај 2-3, Баерн Минхен 2-4, Партизан 1-5, Жалгирис 1-5.

]]>

Најчитани вести