Сер Алекс Фергусон легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, сите успеси со клубот од „Олд Трафорд“ и ги препиша на својата омилена наставничка од основното училиште која често пати го тепала со ремен.
Во неговата колумна „Мојата омилена наставничка“ Фергусон зборува за детството во кое многу пати јадел ќотек од наставничката која како „педагошка“ мерка користела ремен од чии удари се паѓало во агонија.
– Елизабет Томсон беше жена која за да успее во намерата употребуваше и сурови постапки. Едноставно беше решена да ве натера да бидете најдобри. Барем што се однеува на мене таквите нејзини постапки имаа позитивно влијание. По нејзината смрт еден нејзин роднина ме извести дека ми оставила некаков ремен. Тој ми прати порака „Вие за овој ремен знаете подобро од било кој друг“, додава Шкотланѓанецот.
Сега истиот тој ремен Фергусон го чува во својот дом, а го добил како сувенир по смртта на наставничката.
Мерката забрането физичко казнување на децата во Шкотска е донесена 1982 година, а „воспитниот ќотек“ Фергусон го добивал за време на неговото образование во 50-те години од минатиот век.
]]>


