Фетел незадоволен од новиот болид, во „Ред Бул“ бараат дополнително време за тестирање

Светскиот шампион во Формула 1 Себастијан Фетел изрази сомневање околу издржливоста на новиот болид на „Ред Бул“ во однос на конкурентските тимови за највисок пласман во новата сезона.

– Немаме брзина, не можеме да возиме кругови со посакуваното ниво. Треба да ја почекаме првата трка во Австралија за да видиме до каде сме. Би рекол дека имаме големи потешкотии со слабото темпо, но се надеваме дека до првата трка ќе успееме да ги составиме работите како што треба. Тука се новите делови кои можат да ни обезбедат барем солиден старт во претстојното првенство, изјави Фетел.

За замерките од германскиот возач знаат во „Ред Бул“ и прават се нивниот болид што поподготвен да стартува на Големата награда на Австралија. Поради тоа од тимот побараа дополнителни два дена за тестирање во Бахреин.

– Според правилата на ФИА 72 часа порано побаравме екстра време за тестирање на болидот и добивање на некои информации кои не успеавме да ги прибереме за време на последните тестирања, соопштија од „Ред Бул“.

Следниве два дена шампионскиот тим може да користи промотивни пневматици „Пирели“, но возачите не смеат да возат со брзина поголема од 100 км/час. За надзор при дополнителните тест возења ќе бидат задолжени членови од Светската автомобилистичка асоцијација (ФИА).

]]>

Најчитани вести