ФИФА доживотно суспендира двајца англиски фудбалери

Светската фудбалска федерација (ФИФА) доживотно суспендира двајца англиски фудбалери кои се осудени за местење натпревари во Австралија.

Голманот Џо Вули и одбранбениот играч Рис Ноел во септември минатата година добија суспензија од Австралиската фудбалска организација, а ФИФА суспензијата ја прошири да важи низ целиот свет.

Од тогаш двајцата фудбалери кривично се осудени, по што ФСА трајно ги суспендира во таа земја, а од вчера ФИФА им забрани да настапуваат насекаде низ светот на официјални натпревари.

]]>

Најчитани вести