Адвокат Мајкл Гарсија задолжен за правните работи во Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ќе разговара со сите 12 членови на Извршниот комитет на ФИФА кои беа вклучени во гласањето за доделување на организацијата на Мундијалите 2018 и 2022 година.
Се испитува гласањето во декември 2010 година кога на дводневниот состанок на ФИФА за домаќини на СП беа избрани Русија и Катар.
И првиот човек на ФИФА Сеп Блатер, како и претседателот на УЕФА Мишел Платини се на списокот за разговор кај адвокатот Гарсија.
Дел од они кои учествуваа во гласањето за избр на домаќин се отидени во пензија, а дел си поднесоа оставки како морален чин за прекршувањето на кодексите на ФИФА.
Оваа истрага е различна од онаа која се води против потпретседателот на ФИФА од Тринидад и Тобаго Џек Ворнер кој е обвинет дека од Катар добил 1,4 милиони евра во замена за неговиот глас да оди на контото на таа земја.
]]>


