Филипче: Цели делови од нашата Резолуција ги има и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Ставовите во Предлог Резолуцијата на СДСМ се идентитчни како и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ објавена во нивната програма на минатите избори, рече денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Тој ја обвини за лицемерие владејачката партија, читајќи дел од нивната програма од последните парламентарни избори.

„Со нашата Резолуција, јасно се дефинирани црвените линии. Дополнително на тоа, такви црвени линии има и во програмата на ВМРО ДПМНЕ 1198. Еве што пишува на страница 153: Македонскиот многувековен идентитет, јазик, посебност, култура, обичај, традиција и херои не сме да бидат дел од било какви политички преговори. Кажете ми што е разликата? “, праша Филипче.

Според Филипче ВМРО-ДПМНЕ намерно создава конфликти, намерно бара алиби за да го избегне одговорот на клучното прашање – зошто Македонија стагнира.

„Така не се води држава“ заврши Филипче.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Најнови вести

Најново од Македонија