Филипче: Кога граѓаните ги отворат празните фрижидери и паричници знаат колку сме „трета економија“ во Европа

„Граѓаните знаат дека во времето на СДСМ имаше постојано зголемување на платите и пензиите. Минималната плата ја зголемивме од за 150%, просечната плата за 75%, социјалната помош за 300%, пензиите за 40%. Парите завршуваа кај граѓаните.

Но сега, кога граѓаните и работниците отворат фрижидер дома и кога ќе погледнат во паричникот, јасно гледаат каков е вистинскиот стандард со оваа криминална власт.

Народот никогаш не живеел полошо.

Мицкоски сака да нè убеди дека сме „трета економија во Европа“… па тоа баш го гледаат граѓаните.“

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести