Филипче: Тие со бугарски пасоши во џебовите со години ги лажеа граѓаните дека е загрозен македонскиот идентитет

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека власта на ВМРО со години ги лажеше граѓаните дека е загрозен македонскиот идентитет, додека нивните функционери вријат со бугарски пасоши.

„Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание, а тоа е дека во владата врие од луѓе со бугарски пасоши. Со години ширеа хистерија, ширеа страв и ги лажеа граѓаните дека е загрозен нашиот национален идентитет. Токму од овие луѓе кои, замислете, во џебовите имаат бугарски пасоши.“, обвини Филипче.

Филипче посочи дека, во власта постои широка структура на функционери со бугарски пасоши.

„Вицепремиери, министри, пратеници, градоначалници, директори, цела мрежа на функционери на ВМРО-организираната криминална група со бугарски пасоши со години продава лажен патриотизам, додека тивко си обезбедувале европски документи за себе и за своите семејства.“, потенцираше претседателот на СДСМ.

Филипче обвини дека одбивањето на предлог-закон за двојни државјанства ја разобличува оваа криминална власт.

„Одбија да го прифатат предлог законот на СДСМ со кој премиерот на Македонија, вицепремиерите, министрите, членовите на владата, не би можеле да имаат двојни државјанства. Се поставува прашањето зашто тоа го направија. Затоа што пола влада требаше веднаш да си замине. Одбивањето да се прифати овој предлог-закон на СДСМ целосно ја разобличува нивната лицемерна политика, потенцираше Филипче.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести