Филипче: ВМРО-ДПМНЕ води црна кампања, затоа што нема резултати

На денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ Венко Филипче направи осврт на првата недела од кампањата за локалните избори.

Филипче посочи дека СДСМ води една позитивна кампања во која се зборува за прокети и визијата за идниот развој на општините.

Од друга страна пак, додадва тој, ВМРО-ДПМНЕ води црна за опозицијата затоа што во изминатиот период таа партија потфрлила на секое поле.

„Кога после четири години во општините вие немате со што да се пофалите ниту пак на централно ниво за некоја политика изминатите година и пол сѐ што ви останува е да се занимавате со опозицијата, да спинувате, да измислувате”, порача Филипче.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Најнови вести

Најново од Македонија