Јанева важи за човек на Керим, со оглед дека тој лично ја вработува во МНР, кога тој беше шеф на дипломатијата, како раководител на одделот за финанисиско работење во министерството. Како што своевремено пишува дневниот весник „Дневник“, таа најверојатно е близок роднина на сопругата на Керим, што и се припишувало како „грев“ за нејзината суспензија од работното место иако вистинската причина се сериозни малверзации и ненаменско трошење буџетски средства кои ги обелоденува тогашниот државен секретар во МНР, Ристо Никовски а за деталите пишува весникот „Вест“. Од МНР, Керим ја префрла Јанева во МПМ, фирмата која во 2003-та преку германски ВАЦ станува сопственик на дневните весници „Дневник“, „Вест“ и „Утрински“. Таму работи речиси девет години, дури и по продажбата на оваа компанија на Орце Камчев а од октомври 2012-та зазема висока позиција во хиерархијата на грчката фирма „Актор“, односно во нивната подружница во Македонија. Деновиве оваа компанија е во фокусот на интересот на јавноста поради мега-скандалот што го отвори опозициската СДСМ, која обвинува за спрега меѓу македонската влада и компанијата која го гради автопатот во која, според нив, постои сериозен сомнеж за финансиски злоупотреби. Извор: Либертас.мк]]>


