Во Дејвис купот викендов се играа мечеви од првата рунда по кои се формираа двојките за следната фаза. Во четвртфиналето ќе играат:
Италија – Велика Британија, Франција, Германија, Швајцарија – Казахстан и Јапонија – Чешка.
Ова е епилогот по вчерашните завршни мечеви во кои тенисерите на Јапонија предводена од Кеи Нишикори ја победија Канада со 4:1.
Второто изненадување го приреди Казахстан со победата над Белгија со 3:2.
Резултати во 1.коло од Светската група во Дејвис купот: Јапонија – Канада 4:1, Казахстан – Белгија 3:2, Србија – Швајцарија 2:3, Чешка – Холандија 3:2, Германија – Шпанија 4:1, САД – Велика Британија 1:3, Франција – Австралија 5:0, Аргентина – Италија 1:3.
]]>


