Во 1942. година откриено е езеро – глечер во Индија на надморска височина од 5.029 метри. Сепак, она што се случило на ова место, пред повеќе од 2.800 години е откриено дури пред некое време.
Езерото се нарекува Рупканд и бидејќи се работи за глечер, речиси секогаш е замрзнато. Затоа и ретко кој би можел да замисли што се крие под него.
.Но, кога се топи се појавува хоророт што се случил таму пред три милениуми …
Човечки коски … Многу човечки коски … Скелети на сите страни …
Имало многу теории за потеклото на коските. Некои веруваат дека тие припаѓаат на Зоравор Сина и неговите луѓе, кои се изгубиле, а потоа и настрадале на Хималаите во 1841 година кога се враќале кон своите домови после битката за Тибет.
Сепак, по многуте истражувања откриено е дека коските се многу постари од тој датум. Потоа некои претпоставиле дека тоа се мртвите тела на индискиот војсководец Мухамед Туглак и неговите соборци. Многу антрополози сметале дека се работи за непозната епидемија или за масовно ритуално самоубиство.
Дури во 2004 година било откриено што се случило на ова место.
Имено, 500 припадници на култот Нанда Деви стигнале на езерото за да се снабдат со свежа вода. Тогаш се случило големо невреме пропратено со град. Несреќните луѓе страдале од последиците на ударите на големите парчиња град во главата.]]>





