Кралскиот апартман во Burj Al Arab хотелот во Дубаи се наоѓа на 25. кат и изнајмувањето на истиот ќе ве чини околу 24.000 долари од една вечер. Хотелот е познат по тоа што е единствениот хотел во светот со 7 ѕвезди. Апартманот се простира на 780 метри квадратни, на два спрата. Откако ќе се симнете од приватниот лифт и ги отворите вратите на апартманот, ќе ве пречекаат скалила направени од злато и мермер, огромни столбови изработени од 22 каратно злато. Поделен е на два дела, а располага и со приватна библиотека, батлери и што уште не.












