На новогодишниот настап на Јелена Карлеуша во еден белградски хотел присуствуваа и нејзините ќерки Атина и Ника Тошиќ. Тие и минатата година ја гледаа својата мајка од публиката, иако Јелена истакна дека се премлади за да одат на нејзините настапи, но сепак може да се каже дека се предомислила и одлучила да ги земе со себе.
Атина и Ника пак, одлучила на настапот на Јелена во хотелот, каде имало многу гужва и се бараале повеќе карти, да дојдат во нејзина облека, што пејачката го истакна во изјавата за медиумите.

Атина избрала бел фустан , што Јелена го носела во Дубаи.

Помладата Ника го зела црниот фустан што Јелена го носела на едно гостување на телевизија.

„Атина и Ника се со мене, сега веќе во фустаните и чевлите на мајка им, тоа можам да ви го кажам. Тие веќе се големи девојки и многу сум горда на тоа“, изјавила Карлеуша пред да излезе пред публиката.


