Автомобил марка „мерцедес“ и комбе вечерва се судрија на крстосницата во близина на Алумина и Веро 2 во Скопје. Според првичните информации, сериозно повредени нема, но е причинета поголема материјална штета и на двата автомобила. Неофицијално, до сообраќајката дошло поради непочитување на светлечката сигнализација на крстосницата, при што комбито се забило во десната страна од Мерцедесот.
Фото: И. Ивановски извор: Вест]]>


