(ФОТО) НБРМ ги претстави новите полимерни банкноти од 10 и 50 денари

Наместо водениот печат којшто го содржат книжните, полимерните банкноти ќе содржат транспарентен прозорец во кој се вградени препознатливи елементи од нивниот оригинален дизајн. Кај апоенот од 10 денари претставен е стилизиран цртеж на паун, додека кај апоенот од 50 денари има приказ на гравура на рановизантиска монета. Заштитниот конец кај полимерните банкноти ќе се гледа како испрекината линија, со јасно испишан текст „НБРМ“, додека кај книжните банкноти, тој е вткаен во хартијата и под дејство на светлина се гледа како непрекината линија со јасно испишан текст „НБРМ“. 10denari Како заштитни знаци, овие полимерни банкноти ќе содржат и микротекст видлив само со лупа, двоен пасер и скриена слика, а ќе имаат и УВ-својства. На нив, појаснуваат од НБРМ, ќе има и ознака во вид на издигнати точки за распознавање на различните апоени од страна на лицата со оштетен вид. 10denarii Од денот на пуштање во оптек на полимерните банкноти со апоенска вредност од 10 и 50 денари – 15 мај, книжните банкноти со истата апоенска вредност престануваат да бидат законско средство за плаќање. Извор: МИА]]>

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести