“Оваа наша најнова инвестиција во Кавадарци, е потврда дека веруваме во потенцијалот на пазарот за мебел овде, и со ова го потврдуваме нашиот придонес во развојот на регионот во целина.
Мебел-Ви е присутен во Кавадарци повеќе од 12 години и со оваа наша најнова инвестиција ја зацврстуваме позицијата на компанијата во овој регион и одговоривме на потребата на купувачите за централна локација каде секој може на најдостапен и најлесен начин да избере од скоро 1.000 производи кој ги нуди групацијата Мебел-Ви од сите брендови и трговски марки”, изјави извршниот директор на компанијата Влатко Тасев.
Дополнително од компанијата изјавуваат дека заедно со овој салон, во моментов компанијата располага со продажно – изложбен простор од над 18.000м2 на 7 локации низ Македонија, со што Мебел-Ви се етаблира како најголемата компанија за мебел во државата.
Мебел-Ви на домашниот пазар се развива веќе 21 година, а успешно извезува на странските пазари повеќе од 15 години.
Во новиот објект, лоциран на Западен Булевар, се вработени 4 лица. Салонот работи од понеделник до сабота од 08 до 20 часот, а се нуди и бесплатна достава низ целиот Тиквешки регион.
Освен гарнитури за седење се нудат и производи од сите категории за секој просторија во домот или канцеларијата.
По повод отворањето на салонот се нудат попусти и до 40% на многу артикли до крајот на Јули.
]]>


