(ФОТО) Отворени 22. Зимски олимписки игри во Сочи

Во рускиот град Сочи, кој се наоѓа на Црното море, вечерва се отворени 22. Зимски олимписки игри.

Игрите за отворени ги прогласи претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.

putin

Церемонијата се одржа пред окoлу 40 илјади гледачи вo присуство на претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, бројни претставници на меѓуанродни организации и високи делегации од странство.

На ЗОИ во Сочи до 23 февруари во повеќе дисциплини ќе се натпреваруваат околу три илјади спортисти од 88 национални олимписки комитети што е за шест повеќе од претходните Игри во Ванкувер во 2010 година. На годинашните ЗОИ ќе бидат поделени 98 комплети медали.

Македонија е претставена со тројца спортисти Дарко Дамјановски, Антонио Ристевски и Марија Колароска. Знамето на Македонија ќе го носи нордиецот Дамјановски за кого ова е трето учество на Олимписките игри, додека за алпскиот скијач Ритевски ова е втор настап. Шеснаесетгодишната Колароска ќе дебитира на ЗОИ во нордиските дисциплини.

soci1

Организаторот на игрите вложи огромни средства за изградба на спортските објекти, но и за инфраструктура. Според проценките ова се најскапите олимписки игри во кои се вложени околу 50 милијарди долари.

Особено внимание е посветено на безбедноста со цел спортистите, тренерите и публиката да се чувствува безбедно.

soci soci6 soci5 soci4 soci3 soci2

]]>

Најчитани вести