Пејачката Лепа Брена веќе некое време ужива во Мајами со своето семејство, од каде што редовно се огласува на својот Инстаграм профил.

Имено, на споменатата социјална мрежа, Брена речиси секојдневно ги информира своите следбеници за секојдневните активности, а сега во својата последна објава покажа како ги поминала претходните неколку дена.

Брена објави серија фотографии на кои ја гледаме како пуши пура, пие шампањ, ужива на базен и во скапи ресторани, во друштво на Виктор Живојиновиќ и Филип Живојиновиќ.

Пејачката објави слика од прошетка, каде е облечена во обична бела маица, шапка на главата и црни очила за сонце.
Инаку, сопственик на пекара во Америка го именувал својот леб по пејачката Лепоја Брена. Тој бил гостин во локален подкаст и открил како дошол до оваа идеја.

– Ние го продаваме нашиот леб во Америка и се вика „лепа брена“. Татко ми се сети дека тоа е некоја приказна одамна во Македонија, а потоа ја зедовме и ние таа идеја. Дури и Брена беше таму да го проба и многу ѝ се допадна – изјави тој за “Only in America “.


