Двајца великани во светскиот спорт, Лионел Меси и Новак Ѓоковиќ се сретнаа во Њујорк.
Славниот тенисер во Њујорк се подготвува за стартот на УС Опен, последниот Грен слем во сезоната, додека Меси и неговиот Интер од Мајами им гостуваат на Ред Бул во Њујорк.
На социјалните мрежи се појави фотографија од Ѓоковиќ и Меси, кои во неколку наврати ја истакнаа нивната голема меѓусебна почит. Друштво на фотографијата им прави и Хорхе Мас, косопственик на Интер од Мајами.
Ѓоковиќ навиваше за Аргентина на крајот од СП 2022 во Катар, а Меси проговори за српскиот ас по освојувањето на десеттиот трофеј на Австралија опен.
Сè уште станувам емотивен кога на социјалните мрежи гледам видеа од Ѓоковиќ како го крева пехарот на Австралија Опен – изјави Меси.


