Твитер заедницата нема милост, па така ни првата дама на Црна Гора, Милена Милатовиќ, не помина без лошите коментари за нејзиниот моден избор. Имено, таа на свечен настан носеше долг златен фустан – но со еден детаљ го привлече вниманието на сите. „Малку е вулгарно за прва дама“, напишаа некои, а без коментар не остана ниту нејзиниот сопруг, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.
Ples predsjednika Crne Gore @JakovMilatovic i prve dame Milene Milatović na prijemu povodom Dana državnosti pic.twitter.com/G3o5cWxKj6
— Berane online (@beraneonline) July 12, 2023
Претседателот на Црна Гора заедно со неговата сопруга присуствуваа на приемот по повод Националниот празник, а нивното танцување по повод празникот го следа сите посетители и медиумите.
Милатовиќ одбрал сино одело со жолта вратоврска која одлично се совпаѓа со златниот фустан на неговата сопруга Милена.
Таа носеше долг, елегантен фустан во златно жолта боја, а особено интересни беа прерамките и деталите што ѝ го следеа нејзиниот врат, сè до половината. Сепак, тоа не е сè што забележаа корисниците на Твитер, тие истакнаа и дека на првата дама на Црна Гора ѝ се гледаат брадавиците.
Многумина веднаш излегоа во нејзина одбрана, особено затоа што, како што многумина истакнаа, пред кратко време таа се породила и се уште дои.
„Буквално на ниту една слика не ѝ се гледаат градите на жената, плус дои неколкумесечно бебе. Се е нормално во овој период“, „Како и секогаш, коментарот кажува повеќе за тој што го дава, отколку за оној на кој се однесува…“, „Додека во Германија на базените се укинува задолжителното носење на горниот дел од костимот за капење, Балканот сè уште се вознемирува од видливи брадавици…“… се само дел од коментарите што ја бранат првата дама на Црна Гора.

Други го споделија ставот на личноста која прва ја сподели фотографијата.
„Не оспорувам ништо од горенаведеното, но на вакви церемонии треба да се внимава на таквите детали токму затоа што може да се случи вакво нешто во тој период“, додаде твитерџиката.
„Не доликува вака да се појавува во јавноста, не ја оправдувајте“, додаде друго лице.
Претседателот на Црна Гора одлучи да не молчи за оваа дискусија на Твитер, па и самиот го коментираше модниот избор на неговата сопруга. Тој на својот профил го напиша следново:
Moram da razočaram twittersku javnost. Ne radi se o tjelesnom već o tekstilnom 👗🙈
— Jakov Milatovic 🇲🇪🇪🇺 (@JakovMilatovic) July 13, 2023
„Морам да ја разочарам твитер-јавноста. Не се работи за телесен, туку за текстилен детаљ“, напиша тој.


