Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа во Скопје во која учествувале мотоциклист и автомобил „Сузуки“, двете со скопски регистерски таблички.

Сообраќајката се случила на раскрсницата со булеварот „Мајка Тереза“ и улицата „Јордан Мијаков“ околу 11:20 часот. Возачот на мотоциклот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Ургентниот центар.
Во тек е полициски увид, а повеќе детали од полицијата најавуваат подоцна.
Фото: Фејсбук


